Фудбалерите на Челзи брзо ги залечија раните по поразот од Реал во Лигата на шампионите.

Избраниците на менаџерот Томас Тухел одиграа одличен натпревар на гостувањето кај Саутемптон и им нанесоа катастрофа на домаќините, 6:0 (4:0).

Беше ова навистина страшно издание на тимот од Сент Мери кој играше на аматерски начин, а не е претерано да се каже дека Челзи можеше да забележи победа и со двоцифрен резултат.

На југот на Англија се беше готово во првото полувреме, кога „сините“ на кои треба да им се честита за креативната и офанзивна игра постигнаа четири гола.

Серијата ја отвори Маркос Алонсо во осмата минута, а до полувремето погодија и Мејсон Маунт во 16. минута, Тимо Вернер во 21. минута и Каи Хаверц во 31. минута.

Наместо да започнат да играат подобро во продолжение, домаќините продолжија во ист стил, па Вернер уште еднаш ја затресе мрежата во 49. ,како и Маунт во 54. минута и го подобрија голгетерскиот биланс во сезоната.

После тоа, Челзи забави и ги задржа силите за претстојните натпревари.

Лош ден имаше и Арсенал кој продолжи несфатливо со лоши резултати во борбата за четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

По „Кристал Палас“, „Топџиите“ сега се поразени на домашен терен од Брајтон со 2:1.

Леандро Тросар го погоди долниот десен агол со удар од работ на шеснаесетникот во 28. минута за 0:1.

Во финишот од првото полувреме, голот на Арсенал беше поништен со гледање ВАР поради офсајд.

Енок Мвепу во 6 минута шутираше од 16 метри и повторно се тресеше мрежата на Арсенал.

Домаќините успеаја да намалат на 1:2 во 89. минута преку Мартин Одегард, но не и да спречат пораз.

https://www.dailymotion.com/video/x89v235

Конечно, важни бодови освои Лидс, кој во борбата за опстанок славеше на гости против Ватфорд со 3:0.

Стрелци за тимот од Јоркшир беа Рафиња во 21. минута, Родриго во 73. минута и Харисон во 85. минута.

Премиер лига, 32. коло:

Сабота:
Евертон – Манчестер Јунајтед 1:0 (1:0)
Гордон 27
Арсенал – Брајтон и Хов Албион 1: 2 (0: 1)
Одегард 89 – Тросар 28, Мвепу 67
Саутемптон – Челзи 0: 6 (0: 4)
Алонсо 8, Маунт 16, 54, Вернер 21, 49, Хаверц 31
Ватфорд – Лидс 0:3 (0:1)
Рафиња 21, Родриго 73, Харисон 85
18.30 Астон Вила – Тотенхем

недела:
13:00 Брентфорд – Вест Хем
15.00 Лестер – Кристал Палас
15:00 Норвич – Барнли
17:30 Манчестер Сити – Ливерпул

петок:
Њукасл – Вулверхемптон 1:0 (0:0)
Вуд 72

Standings provided by SofaScore LiveScore