Олимпик Марсеј ја запиша 13. победа во француската Лига 1 откако вечерва беше подобар од Мец со 2-1 во рамки на 24. коло, па така им избега на ривалите во борбата за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).
Гостите први постигнаа гол преку Бакамбу во 26. минута, додека Маига израмни на 1-1 во 52. минута и ја врати неизвесноста во натпреварот, меѓутоа Милик во финишот од дуелот погоди за втор погодок на Марсеј и триумф од 2-1.
Марсеј има 46 бодови на втората позиција во Лига 1, додека пред нив е ПСЖ со 59, а зад нив се Ница со 42 и Стразбур со 41 бод.