Пандев во својот втор меч откако во последниот ден од преодниот рок дојде на „Енио Тардини“ го постигна првиот гол со убав волеј за да го најави пресвртот, но на средина од вториот дел се повреди и според медиумите од Парма, има мал мускулен проблем, кој не е сериозен и кој најмногу може да го оддалечи од терените до една недела.
Но, во следнава седмица отсуството на Пандев е хендикеп за Парма, зашто ја чекаат два меча, кои веројатно нема да може да ги игра македонскиот ас. Првиот е со Кремонезе веќе задутре, а вториот со Тернана во сабота.
Тоа што е извесно како што најавуваат од Парма е дека Кремонезе секако ќе го прескокне, додека за Тернана ќе има дополнителни фитнес-тестови кои ако ги мине би бил во конкуренција, но и тимот не сака да ризикува премногу, па ќе мора без доскорешниот капитен на македонската репрезентација.
Парма во моментов е 11-то пласирана со 28 бода, шест од последното место кое води во плејофот и кое го држи моментно Перуџа.
Ако овие најави се остварат за еднонеделна пауза на Пандев, тогаш тој би требало да се врати идниот вторник во дуелот со Пиза на гости