Уште еден меѓусебен дуел меѓу Македонија и Молдавија заврши нерешено, нашата репрезентација имаше водство до финишот на натпреварот, но противникот со спектакуларен погодок се избори за реми, 1-1.
Македонија во првото полувреме имаше посед на топката, се обидуваше да го отвори резултатот, но не создававме многу шанси. Првата добра можност ја имавме преку Елмас во 23. минута, но Раилеан го одбрани неговиот удар.
Првата посериозна интервенција Димитриевски ја имаше во 40. минута, Молдавците имаа убава шанса да дојдат до водство, шутираа од странична позиција, но нашиот голман беше сигурен.
Пред самиот крај на првото полувреме Барди се обиде со шут од далечина, молдавскиот голман ја одби топката, Миовски се најде на вистинското место и постигна гол за водство на Македонија од 1-0.
Во вториот дел играта се промени, Македонците се повлекоа и се обидуваа од контри да ја заверат победата, поседот го имаше Молдавија изгледаше значително поопасно отколку во првото полувреме.
Македонија имаше неколку полушанси, Елмас се обиде двапати, по еднаш Ристовски и дебитантот Ќамили, но не успеавме да дадеме втор гол.
Во 82. минута по одличен центаршут на Кракиун, Дамашкин постигна неверојатен гол-маестрален гол со ножички за конечени 1-1. (Голот можете да го погледнете на овој ЛИНК)
Членот на Лозана во самиот финиш од пријателскиот натпревар во Анталија изведе вистинска „магија“ и со атрактивни ножички го совлада Столе Димитриевски.
Голот на Дамашкин против Македонија:
Следниот натпревар на Македонија во Анталија е на 25. март против Црна Гора, дуелот почнува од 14 часот.