Перспективната македонска тенисерка, Магдалена Стоилковска, не успеа да се пласираа во полуфиналето на фјучерсот во Шарм Ел Шеик (Египет).
Таа во четвртфиналето убедливо загуби од полската тенисерка, Дарија Кучер, во два сета (2-6, 2-6) во пресметката која траеше точно сто минути.
Овој турнир се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.