Фудбалската репрезентација на Италија, која на Европското првенство се квалификува со второто место во групата во која играше и Македонија, подготовките за завршниот турнир ги започнува во Соединетите Американски Држави. „Аѕурите“ на стратегот Лучијано Спалети ја совладаа Венецуела со 2-1 (1-1) во Форт Лодердејл.
Во првиот дел се играше израмнет натпревар, со шанси на двете страни и еден нереализиран пенал. Уште во третата минута селекцијата од Јужна Америка доби најстрога казна, но ударот на Саломон Рандон го одбрани голманот на азурите, Џиџи Донарума. По лошата реализирација во поголемиот дел од првиот дел, следуваше вистинска експлозија од емоции во последните пет минути. По една убава акција на Камбиасо, напаѓачот на Џенова, Матео Ретеги го отвори резултатот (1-0): Следуваше груба грешка на Бонавентура, по која Мачис на празен гол погоди за 1-1.
Спалети го смени системот на игра во вториот дел, Италија ги имаше позрелите шанси. По една убава акција на Жоргињо, Ретеги се најде на вистинското место и од свртување стрелаше за конечни 2-1. Следниот пријателски натпревар Италијанците го играат пак на американско тло, в недела од 21:00 часотк против Еквадор.