Српската НБА суперѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ го оствари 22. трипл-дабл во сезоната, а неговиот тим триумфираше на домашен терен против Њујорк Никс со 113-100.

Србинот го заврши натпреварот со 30 поени, 14 скока и 11 асистенции, а малку недостасуваше трипл-дабл да оствари уште во првото полувреме во кое постигна 16 поени, 10 асистенции и 9 скока. На овој натпревар имаше поддршка од Портер кој беше и прв стрелец на натпреварот со 31 поен.

 

Њујорк беше рамноправен, на моменти и подобар противник во првото полувреме, но во третата четвртина Денвер отиде на +12. Никс во последниот квартал го направи натпреварот неизвесен, се доближи на само два поена негатива, но на сцена во клучните моменти стапи кошаркашкиот генијалец Јокиќ кој со неколку кошеви и асистенции експресно го реши прашањето околу победникот.

И покрај победата, Денвер уште не е на првата позиција на табелата во Западната конференција иако има најголем број победи (49). Оклахома е со подобар биланс (48/20), но со два натпревара помалку од актуелниот шампион.