Магдевски беше прв стрелец со 17 поени на кои придодаде 7 скокови, но мора да се каже дека имаше и осум загубени наспроти една украдена топка. Зад него беше Милин со 15 кошеви, додека кај домаќините листата на стрелци ја предводеше Торнтон со 18 поени, плус 9 скока и 5 асистенции.
Ова за Плоешти беше четврти пораз во низа со тоа што оваа лоша серија може да продолжи затоа што во следното коло се соочува со Клуж.