Кошаркарите на Црвена Звезда го совладаа Партизан во вториот натпревар од финалето на АБА лигата со резултат 85:81 и дојдоа до победа од титулата во регионалниот шампионат.
Гледавме далеку повозбудлив натпревар во однос на првиот меч од серијата, иако се чинеше дека нема да биде така во поголемиот дел од натпреварот.
Партизан подобро влезе во натпреварот, но Звезда брзо го презеде водството и го држеше во поголемиот дел од натпреварот. Избраниците на Дејан Радоњиќ шутираа одлично и имаа предност од 14 поени.
Црно-белите играа во налети по што Звезда мораше се активира и да одигра подобро, што можеби на крајот ги чинеше.
Така се играше до последната делница, кога Алекса Аврамовиќ буквално беше незапирлив и го донесе својот тим во предност. Играчите на двете екипи погодуваа, па во самиот финиш се влезе со егал.
Гледавме пенал-завршница, иако се можеше да биде полесно за Црвена звезда. На крајот можеше само да биде полошо откако капитенот на тимот Бранко Лазиќ направи несфатлив фаул. Работата да биде уште полоша, тој го направи тоа пред топката да биде фрлена во игра, што автоматски значи дека ќе биде досуден неспортски фаул.
Кошаркарите на Партизан во поголемиот дел од натпреварот беа сигурни од линијата за слободни фрлања, но на крајот тоа не им успеа. Беа половични од линијата, Ледеј по подарокот на Лазиќ. Следуваше топка од страна и фаул над Лесор, кој потоа одигра незамисливо. Нему му беше наложено намерно да го промаши второто слободно фрлање, но тој тоа го направи на прилично глуп начин и стапна на линијата. Следуваше напад на Звезда во кој се распадна одбраната на црно-белите, а со тоа и надежите за евентуална победа.
Важно е да се истакне дека Партизан рано влезе во проблеми со фаули, па Пантер пропушти добар дел од натпреварот.
Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Никола Калиниќ, кој мечот го заврши со 25 поени со четири скока и три асистенции. Беше непогрешлив при шутот за три поени од петте обиди. Го следеа Лука Митровиќ со 12, а Никола Ивановиќ и Остин Холинс со 11.
На другата страна се истакна Алекса Аврамовиќ со 21 поен, Матијас Лесор имаше 15 поени и седум скока, Далас Мур имаше поен помалку, а двоцифрен беше Зек Ледеј со 10 поени.
Натпреварот го одбележа и недолично скандирање од трибините, поради што судијата Илија Белошевиќ во неколку наврати ги повика челниците на Звезда да и се обратат на публиката.
По мечот дојде до пресметка, чиј главен протагонист беше Лесор, решен да се пресмета со симпатизерите на поранешниот клуб, но набрзо беше смирен.
https://twitter.com/b92sport/status/1531005200797995013?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1531005200797995013%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fkosarka%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D05dd%3D29nav_id%3D2162934
Следниот натпревар од серијата се игра во среда од 20 часот и 30 минути .