Станува збор за 17-годишниот син на легендарниот Врбица Стефанов, кој добива шанса од соништата да дебитира против актуелниот светски првак. Очекувањата се дека ќе добие шанса да му помогне на стартниот плејмејкер, Кристијан Николов, во организација на нападите, со оглед на необјаснетото отсуство на Ненад Димитријевиќ и Андреј Магдевски. На оваа позиција ќе придонесе и вториот дебитант кој тргна кон Сарагоса, Виктор Ташевски од екипата на ТФТ.
Мечот од 5. коло од „Г“ квалификациската група е закажан за 1. јули од 19.30 часот, а ќе се игра во арената „Павиљон Принц Фелипе“ во Сарагоса. Стручниот штаб предвиде три тренинзи во салата каде на првиот ден од јули ќе играме против „црвената фурија“.