Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Ендрју Вигинс нема да може да игра натпревари во НБА лигата кога неговиот тим е домаќин.
Вигинс одби да се вакцинира поради религија, а сега доаѓа информација дека нема да може да ги игра натпреварите на својот тим дома.
НБА го одби барањето на Вигинс да не се вакцинира, а сега крилниот напаѓач има проблеми како и неговиот клуб.
Добро информираниот Шамс Чарани од „Атлетико“ известува дека сигурно нема да ги игра натпреварите што Голден Стејт ги игра дома додека не ги исполни условите кои се бараат
НБА нареди сите играчи, тренери и судии да бидат вакцинирани пред почетокот на новата сезона.
Очигледно нема ништо што може да го натера Вигинс да се вакцинираа па останува да видиме како ќе реагира клубот.
Минатата сезона, Вигинс имаше просек од 18,6 поени и 4,9 скока по натпревар.