Рускиот гигант и еден од клубовите основачи и сопственици на Евролигата, ЦСКА Москва го тужеше натпреварувањето поради забраната на руските клубови да учествуваат во следната сезона.
На ЦСКА, според договорот со Евролигата, преку „А“ лиценцата и е загарантирано учество во елитното натпреварување, но сепак од познати причини беше исфрлена од натпреварувањето.
Претседателот на московилецот Андреј Ватутин испрати тужба до судот во Лозана против компанијата ЕКА која е сопственик на Евролигата, а еден од акционерите е и ЦСКА.
„Сметаме дека одлуката е донесена без правна основа. Немаме илузии за хипотетичко учество во Евролигата следната сезона, затоа што ќе се начекаме до одлуката на судот. Но за нас е важно да добиеме судска оценка, без оглед на тоа каква ќе биде“, смета Ватутин.
Неучеството во Евролигата ќе има сериозни финансиски последици за рускиот гигант, смета претседателот на ЦСКА.
„Евролигата е комерцијално натпреварување и неучеството во него ни одзема значителен дел од приходите. Лишена ни е шансата да заработиме во бизнисот во кој директно учествувавме во креирањето и управувањето.
Наместо руски клубови, шанса преку „специјални“ покани добија Партизан и Валенсија.