Кошаркарите на Партизан ја совладаа Црвена Звезда во дербито на 21 коло на АБА лига со резултат 92:81. Така Партизан се реваншира за поразот во првото сезонско дерби. „Црно-белите“ кошаркари имаа фантастичен кам-бек во натпреварот бидејќи Звезда имаше предност и од 20 поени.
Во второто полувреме „црно-белите“ беа далеку подобри и го свртеа резултатот во своја корист и стигнаа до заслужен триумф. Најефикасен кај победничкиот состав беше Матијас Лесор со 27 поени, а Зек Ледеј имаше 17 и Ексум 15.
За Црвена Звезда, аргентинецот Факундо Кампацо постигна 21 поен, Митровиќ 15 и Бентли 10 поени.
На овој натпревар соборен беше и рекордот по посетеност во АБА лигата. Белградското дерби го следеа 17.000 луѓе со што е соборен претходниот рекорд кој исто така го држеше Партизан на мечот против Будуќност во сезоната 2019/20 кога во салата имаше 16.531 гледач.