НБА кошаркарите на Истокот и Запад одиграа историски ол-стар натпревар на кој првпат една екипа постигна над 200 поени. Тоа беа кошаркарите на Истокот, кои ја добија пресметката со неверојатен резултат, 211-186. Вкупниот број на поени е застрашувачки, дури 397, а само за споредба, на ол-стар натпреварот во 1953-тата година биле постигнати само 154 поени.
На натпреварот имаше вкупно 168 удари за три поени. Најмногу од нив ги упати Лилард, 23, од кои погоди дури 11 и сосема заслужено беше прогласен за МВП на натпреварот. Тој го заврши мечот со 39 поени, а најефикасен беше Карл-Ентони Таун со 50 поени.
Разочарувачки натпревар одиграа Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. Србинот го заврши мечот со 13 поени, додека словенецот уфрли само седум.