Огнен Стефановски го сруши еден од најстарите македонски рекорди кои датираат од далечната 1969 година и стана нов рекордер во скок со стап во сала кој сега изнесува 3,65 метри.
Стефановски после неколку месеци тренинг во една од неговите дисциплини веднаш блесна и постави државен рекорд, кој сепак е речиси три метри полош од светскиот рекорд.
Рекордер во светот во скок со стап во сала е Швеѓанецот Арманд Дуплантис кој скокна 6,22 метри.