Француската супер звезда Килијан Мбапе потпишал договор со Реал Мадрид и од 1 јули официјално ќе биде член на шпанскиот гигант.

Ова денеска го објави Марка која тврди дека се е готово, а Мбапе се обврзал на петгодишна верност кон 14-кратниот европски шампион. Тој имаше право да преговара со други клубови од 1 јануари имајќи предвид дека оваа сезона е последна за него од актуелниот договор со ПСЖ.

Според Марка, Мбапе ќе има плата од 20 милиони евра по сезона што е значително помалку од оние 72 милиона што ги заработува во ПСЖ, но во договорот се вклучени бонуси и голем дел од маркетиншките права.