Екипата на францускиот гигант ПСЖ без поголеми проблеми се пласира во шеснаесетфиналето од Купот на Франција, откако со огромни 0-9 (0-4) славеше на гостувањето кај нисколигашот Ревел.
„Светците“ од Париз уште во првите 45 минути најавија дека се дојдени по триумф и водеа со огромни 0-4 на паузата меѓу двете полувремиња. Килиан Мбапе беше во почетниот состав и беше прва ѕвезда во својот тим.
Брзоногиот напаѓач ја отвори домашната мрежа со два гола во првиот дел, а „хет-трикот“ беше комплетиран по само три минути игра во второто полувреме. До крајот на дуелот следуваше вистинска канонада по домашниот гол, а во листата на стрелците се запишаа уште Коло Муани, Марко Асенсио, Гонзало Рамос и Шер Ендур. Конечните 0-9 беа вистинска слика за случувањата на теренот и ПСЖ се враќа дома со уште еден огромен триумф во Купот на Франција.