Ливерпул го расплака Лондон и го елиминира Арсенал од ФА-купот. Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул триумфираше на гостувањето кај Арсенал на „Емирати“ со 2-0 во третото коло од ФА-купот.
Арсенал одлично играше во првото полувреме, но „топчиите“ не беа ефикасни во нападот се изнапромашија, иако создадоа дури 13 шанси кон голот на гостите, па казната пристигна во вториот дел.
За Ливерпул првата посериозна шанса ја имаше Луис Диаз, но Рамсдејл одлично одбрани, а потоа Жота ја погоди пречката. Сепак, налетот на „црвените“ овој пат заврши со погодок, откако по еден скратен корнер на Александер Арнолд, Кивиор несреќно со глава ја погоди сопствената предност за предност на Ливерпул од 0-1. До крајот на натпреварот Арсенал со сите сили тргна во напад, но не само што не успеа да ја скрши дефанзивата на противникот, туку во самата завршница прими уште еден гол и конечните 0-2 ги постави Луис Диаз во 94 минута.
минута во94.минуга.