Младата репрезентација на Македонија е поразена со 3-0 во дуелот со големиот фаворит Франција во првиот натпревар од Групата Х во квалификациите за ЕП 2023.
Натпреварот кој се одигра на „ММАрена“ во Ле Ман, Французите имаа целосна иницијатива на мечот со неколку можности за погодок од кои искористија една во 26. минута преку Мбуку за водство од 1:0 резултат кој беше активен до паузата.
Во вториот дел, новата ѕвезда на Реал Мадрид Камавинга зголеми на 2:0, а конечниот резултат во 89. минута го заокружи Калулу.
Денковски беше одличен на голот на македонската селекција интервенирајќи во неколку наврати за да спречи поубедлива предност на Французите.