Како што се очекуваше селекторот Благоја Милевски офанзивно ќе се спротистави на Ерменија во квалификациите за СП 2022 на дуелот кој од 20:45 часот стартува на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Триото во нападот Јаховиќ, Чурлинов и Трајковски, дополнети со полна поддршка на Енис Барди и Елиф Елмас македонската репрезентација ќе се спротистави на Ерменците.
Дарко Чурлинов за првпат во својата репрезентативна кариера ќе биде стартер во А-репрезентацијата на левокрилната позиција.