Екипата на Жозе Мурињо се спаси од срам против Верона, откако губеше со 0-2 до последниот половина час од натпреварот, по што Рома извлече бод (2-2) во 26. коло од Серија А.
Верона ги шокираше Римјаните дури двапати за 20 минути, откако најпрво Барак погоди за 1-0, по што Тамезе стрелаше за да ја удвои предноста на гостите. А домаќинот можеше да доживее и целосна катастрофа, доколку ВАР-технологијата не им поништеше трет гол на гостите во 33. минута.
Волпато ја врати надежта во редовите на„ римската волчица„ со голот за 1-2, а резултатот го израмни Бове во завршницата од дуелот, по што Мурињо во судиското надополнување заработи директен црвен картон.