Лион се надеваше дека конечно влегува во ритам и конечно ќе се пробие во топ-3, меѓутоа денеска налетаа на незгодниот Ленс, кој ги сопна во трката за место кое води во Лига на шампиони (ЛШ) следната сезона.

Двете екипи одиграа возбудлив меч во Ленс, а првиот гол на мечот го постигна Клаус во 13. минута, по што радоста на домаќините ја удвои Фофана, меѓутоа неговиот погодок беше поништен по реакција од ВАР-технологијата.

Кадевере го врати Лион во игра до крајот на првиот дел, откако во завршницата стрелаше за 1-1, по што тимовите во вторите 45 минути се обидуваа да постигнат и втор гол, меѓутоа нивните обиди беа неуспешни.

Лион е на петтата позиција со 38 бодови, односно четири помалку од третопласираната Ница, а пред него е и Стразбур со 41 бод.