Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски се запиша во листата на стрелци во четвртата минута по одличниот контра-напад на Тотенхем, но Илкај Гундоган во 33. минута ја врати неизвесноста (1-1).
Англискиот напаѓач, кој беше голема желба на „граѓаните“ минатото лето, Хари Кејн го „стресе“ неговиот несуден тим за 2-1 во 59. минута, по што Тотенхем постигна и трет погодок преку него, но истиот беше поништен во 73. минута поради офсајд.
Ријад Марез ја врати надежта на „граѓаните“ дека можат до победа во драматичниот натпревар бидејќи реализираше пенал во втората минута од судиското надополнување (2-2), но Кејн ги расплака домаќините со погодок во 95. минута, кога ги постави конечните 3-2.
Манчестер сити останува прв на табелата со 63 бодови, односно шест повеќе од Ливерпул и 13 бода пред Челси, додека Тотенхем со новата победа остана во игра за топ-4.