„Кралскиот клуб“ им се врати на победите, а нивна жртва вечерва беше Алавес (3-0) во 25. коло од шпанската Ла Лига, па така Реал Мадрид во моментов има предност од седум бодови пред Севилја, која има одиграно еден меч помалку.
Алавес успешно се бранеше од нападите на „кралевите“, кои успеаа да го скршат отпорот дури во 63. минута преку Марко Асенсио, а во последните 10 минути од дуелот во листата на стрелци се запишаа и Винисиус Жуниор и Каримм Бензема.
Реал Мадрид е прв на табелата со 57 бодови, односно седум повеќе од Севилја, додека трет е Бетис со 43, по што следат Атлетико Мадрид со 42, Вилјареал со 39, колку што има и Барселона.