Милански Интер ја задржа предноста пред Јувентус на чело на табелата во Серија А откако денеска ја совлада Верона со 2-1 на отворањето на 19. коло.

Во Милано се случуваше вистинска драма. Натпреварот имаше неверојатна завршница, а малку недостасуваше „нераѕурите“ да направат голем кикс пред своите навивачи бидејќи до 94. минута резултатот беше 1-1. Лаутаро Мартинез го донесе својот тим во водство, а Хенри израмни во второто полувреме.

Сепак, најинтересното на дуелот се случуваше во судиското продолжение. Во 94. минута, по една мешанница, Фратези му донесе нова предност на Интер и се чинеше дека тука ќе биде крајот. Место тоа, во 100. минута Верона доби пенал и можност со бод да си замине од Милано. Хенри ја апрезеде одговорноста и ја погоди стативата за делириум на над 80 илјади гледачи на трибините на „Меаца“.

https://twitter.com/i/status/1743622014525411622

Сега Интер има 48 бода, пет повеќе од второпласираниот Јувентус кој утре ѝ гостува на Салернитана.