Директорот на тимот, Жунињо кажа дека Лоди не би можел да влезе во Еквадор за натпреварот на 27 јануари и поради тоа испаднал од списокот.
Тите, исто така, не може да смета на Нејмар кој во моментов е во процес на рехабилитација по повредата на скочниот зглоб на крајот на ноември.
Во меѓувреме, ФИФА треба да донесе одлука за епилогот од прекинатиот натпревар меѓу Бразил и Аргентина во Сао Паоло на почетокот на септември.