Марсело Брозовиќ би можел да го напушти Интер ова лето, ова го тврдат медиуми од Шпанија и Италија, Хрватот има понуда од Барселона со годишна плата поголема од онаа која ја има во клубот од Милано.
Барселона наводно му понудила 8 милиони годишно на Брозовиќ кој летово е слободен играч, тој дојде во Интер пред седум години а клубот од Италија за него плати симболични 8 милиони евра на Динамо Загреб.
Брозовиќ и Интер се во преговори за нов договор, засега нема информации дека е постигнат, а на трансфер берзата вреди околу 40 милиони евра.
Интер во преговорите му понудил плата од 5,5 милиони евра, а Брозовиќ барал 7,5 милиони по сезона, објави Газета Дело Спорт.