Португалскиот гигант Бенфика изминатото лето го продаде Дарвин Нуњез за фантастични 100 милиони евра во Ливерпул, но клубот повторно во своите редови има нова гол-машина.
Се работи за Гонсало Рамос, кој сезонава за португалскиот гигант има осум голови на 12 натпревари. Неговата цена е 25 милиони фунти, а „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат и тоа уште во јануари. Португалецот, кој има само 21 година е на „радарот“ и на Њукасл, но и Баерн Минхен.
Менаџерот на „ѓаволите“, Ерик тен Хаг е во потрага по уште еден напаѓач, бидејќи е јасно дека времето на Кристијано Роналдо изминува, а Ентони Марсијал пречесто е повреден за да се потпира на неговите настапи и голови.
Младиот португалец, Рамос би имал време да созрее во тимот, па веќе од следната сезона да биде прв напаѓач на Јунајтед.