Екипата на Евертон успеа да ја запре разиграната Астон вила на „Гудисон парк“ (0-0) во рамки на 21. коло од англиската Премиерлига.
Астон вила ја затресе мрежата на Евертон во 18. минута, но голот беше поништен поради офсајд по реакција на ВАР-технологијата.
„Карамелите“ во продолжение од средбата успешно се бранеа од нападите на гостите од Бирмингем и на крајот обезбедија голем бод.
Евертон е на 17. место во лигата со 17 бодови, додека Астон вила е трета со 43 бода.
https://x.com/sportbible/status/1746540398971953374?s=20