Екипата на Лил останува во горниот дел на табелата. Лил доминираше и оствари убедлива победа над Лориент (3-0) и ја запиша осмата победа и е во зоната за еврокуповите во Лига 1.

Фаворитот на хартија ја оправда улогата против давеникот на табелата кој ниже само порази. Лориент е во страшно очајна форма, има пет порази во серија во сите натпреварувања и никако да излезе од кризата. Во моментов е на претпоследното место на табелата.

Победата за Лил ја најави најдобриот играч Давид, кој во 37. минута го отвори резултатот. Потврдата на конечната победа пристигна во самиот финиш. Прво Кабела во 90. минута донесе водство 2-0, додека третиот погодок го постигна Жергова во 92. минута.

Лил во следната рунда гостува кај Монпелје, а Лориент е домаќин на Ле Авр.