Белгискиот интернационалец Еден Азар во јануари може да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и да се пресели во Серија А. „Кралевите“ издвоија големо богатство за Азар, но Белгиецот никогаш не ги оправда очекувањата.
Азар и оваа сезона не добива голема минутажа и главно е на клупата за резерви, а претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е подготвен да го раскине договорот со 31-годишниот Белгиец и му порачал дека слободно може да си бара нов клуб.
Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Интер и Јувентус, кои се подготвени да го донесат во јануари, но без обештетување.