Тест мечот на македонската прволигашка селекција против учесникот на претстојното Светско првенство во Катар, Саудиска Арабија ќе се одигра во Абу Даби во сабота од 19 часот, а пренос ќе има на регионалната телевизија Арена Спорт.

Арена веќе го стави дуелот на Македонија со Саудијците и ќе го пренесува на Арена 5 со почеток од 19 часот. Ова е тест меч надвор од ФИФА-термин, а селекторот Благоја Милевски се реши да го скенира потенцијалот на домашните фудбалери, во кои има дел од играчи кои и ги повикува во А-тимот, а дел кои се поранешни репрезентативци, но многумина веќе длабоко влезени во четвртата деценија од животот.

Фудбалерите утринава дојдоа во Абу Даби преку Истанбул и веќе го одработеа првиот тренинг во Емиратите како подготовка за мечот.