Екипата на нашиот Ристовски, Динамо Загреб вчера ѝ гостуваше на Риека и забележа победа од 1-2 во натпревар без никакво резултатско значење. Но, еден фудбалер засекогаш ќе се сеќава на овој натпревар бидејќи го постигна првиот погодок во својата сениорска кариера, а за да го направи тоа, му беа потребни повеќе од 200 натпревари.

Станува збор за десниот бек на репрезентацијата на Иран и на Динамо Загреб, Садег Мохарами, кој го постигна вториот погодок на натпреварот против Риека.

 

Дваесет и седумгодишниот Иранец во својата кариера настапуваше за Малаван и Персеполис во татковината, а потоа се пресели во Хрватска, каде што освен за Динамо Загреб, има играно и за Локомотива Загреб.