„Сините“ ја активираа откупната клаузула во договорот на Гују од шест милиони евра, откако претходно ги договорија личните услови со младиот напаѓач.
Гују потпиша договор со премиерлигашот до 2030 година, со опција истиот да биде продолжен на уште една сезона.
„Главната причина поради која потпишав за Челси е нивниот проект. Верувам дека клубот ќе ми даде шанса, се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата“, кажа Гују.