Селекцијата на Мексико влезе како фаворит во пресметката со Еквадор и се обидуваше на секој начин да го скрши отпорот, па иако во 97-та минута доби пенал и се чинеше дека ќе осигура четвртфинале, на крајот не дојде до такво нешто.
Радоста меѓу „ацтеките“ брзо се претвори во големо разочарување, бидејќи главниот судија доби инструкции од ВАР дека не станувало збор за прекршок, туку глума од мексиканскиот фудбалер.
Поништената одлука во 98-та минута значеше дека Мексико останува без шанса да постигне гол за четвртфинале, па така во оваа фаза се пласира Еквадор со една победа и едно реми.
Четири освоени бода има и Мексико, но поради полоша гол разлика испаѓа уште во почетната фаза на Копа Америка.
На вториот меч, Венецуела со 3:0 ја победи Јамајка и со максимален ефект се најде меѓу осумте најдобри во Јужна Америка, фаза во која ќе игра против Канада.