Италијанската фудбалска репрезентација славеше со 2-1 против Унгарија во второто коло од Лигата на нации, па така скокна до првата позиција во групата. Убедлива победа вечерва запишаа и фудбалерите на Турција на гостувањето кај Литванија со 6-0.
Николо Барела во 30. минута го отвори резултатот и погоди за 1-0, додека водството на „аѕурите“ го зголеми Лоренцо Пелегрини во завршницата на првото полувреме.
Унгарија имаше свои шанси, а искри на надеж се појавија во 61. минута, кога Манчини си постигна автогол за 1-2, но сепак европскиот првак го задржа водството до крајот.
Турција имаше лесно гостување кај Литванија, па го наполни голот на домаќините со шест погодоци (6-0).
Синик постигна два гола на стартот на првото полувреме, односно во втората и 14. минута, по што уште четири гола паднаа во вториот дел.
Најпрво Дарсун со два погодоци зголеми на 4-0, а потоа во листата на стрелци се запишаа и Акгун и Дервишоглу.