Францускиот гигант ПСЖ најверојатно летово ќе остане без услугите на најдобриот фудбалер Килијан Мбапе, кој реши да не потпише нов договор до јуни 2025 година, а тоа сака да го искористи Реал Мадрид.
Шпанскиот гигант планира да испрати понуда од 200 милиони евра плус 50 милиони во бонуси за да го купи Мбапе од францускиот шампион.
Во изминатиот период се појавија и други шпекулации за иднината на Мбапе, кој наводно сакал да почека до следното лето и бесплатно да се пресели во Мадрид.
Голгетерот имал разговори со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани и сите мислеа дека ќе биде договорено продолжување на соработката, но се случи спротивното.
„Мбапе ќе се приклучи на Реал Мадрид. Катарскиот емир и Флорентино Перез договорија цена од 200 милиони евра плус 50 милиони евра во вид на бонуси“, стои во објавата на француските медиуми.
Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ истекува во јуни 2024 година, но тој најави дека нема да ја продолжи соработката. Токму затоа, челниците на ПСЖ решија да го продадат Мбапе ова лето за да заработат одлична сума од неговиот трансфер.