Нусаир Мазрауи денеска и официјално беше претставен како нов играч на Баерн Минхен, а наскоро ќе му се придружи и неговиот поранешен соиграч Рајан Гравенберх.

Младиот играч за врска е на чекор од потпис за Баерн, бидејќи сите детали се решени, остануваат уште некои бонуси. Трансферот ќе изнесува над 25 милиони евра.

Гравенберх игра како централен играч за врска, има само 20 години и важи за еден од најталентираните на својата позиција во Европа.

Тој има договор со Ајакс до 2023 година, не сакаше да го продолжи, па се очекува наскоро да потпише за Баерн и да стане второто засилување на минхенскиот клуб.