Извонреден ракомет одиграа екипите на Висла Плоцк и Кјелце во последното коло од шампионатот во Полска, а по голема битка на теренот и пет црвени картони, мечот заврши 20-20, а тоа му беше сосема доволно на Кјелце да се радува на титулата.
Висла имаше водство по првите 30 минути од мечот со 12-10, а во продолжение предноста се зголеми на 16-11, меѓутоа Кјелце се разбуди и не дозволи да ја загуби титулата, па набрзо го сврте мечот во своја корист (19-18). По драматична борба Висла не успеа да направи пресврт и да слави, па на крајот мечот заврши 20-20.
На натпреварот беа доделени дури пет црвени картони, и тоа три за домаќините и два за гостите, а мечот го одбележа и голманот Волф кој запиша 20 интервенции.