Ракометната селекција на Шведска по голема драма беше поразена од Франција во првото полуфинале од Европското првенство.

Бранителот на титулата без борба за ново злато остана откако беше надигран во продолженијата, но она што се случи во последните секунди од регуларниот дел крена многу прашина кај шведската ракометна јавност. По истекот на времето Пранди постигна чудесен гол од слободен удар, за кој шведската јавност смета дека е нерегуларен, бидејќи францускиот ас ја подигнал и левата нога при ударот. Истото мислење го дели и Шведската ракометна федерација, која што веднаш по натпреварот поднесе жалба до Европската ракометна федерација (ЕХФ).

 

Полуфиналната средба меѓу Шведска и Франција ја судеа македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.