Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски даде гол за неговиот тим АЕК Ларнака во рамките на 21. коло во првата лига на Кипар.
Гостите го потврдија статусот на фаворити и славеа во дуелот со Кармиотиса со 3-1. Во вториот дел АЕК го скрши отпорот на домаќинот, а голот со кој беа потврдени трите бода беше дело на Тричковски во 88 минута.
Инаку искусниот напаѓал влезе во игра во 79 минута, па му требаше малку време за да даде значаен придонес во 12. сезонско славје по кое клубот од Ларнака сега има 42 бода е и на второто место на табелата.