Белорусинката Сабаленка, експресно за само 76 минути ја одбрани титулата во Мелбурн. Втора година по ред, белоруската тенисерка Арина Сабаленка е шампион на Австралија Опен откако денес, без никакви проблеми ја совлада Чинвен Женг од Кина со 2-0 (6-3, 6-2).

Финалето траеше само 76 минути, а Сабаленка ја потврди својата доминација на терените во Мелбурн. По 11 минути игра веќе водеше со 3-0, а за нешто повеќе од еден час го освои првиот сет.

Во вториот сет, таа повторно направи брејк во раната фаза, поведе со 5-1 и брзо и лесно го приведе дуелот кон крајот. Со тоа, Сабаленка стана прва тенисерка после нејзината сонародничка Викторија Азаренка (2012 и 2013) која успеа да ја одбрани титулата на Австралија Опен. Освен тоа, таа е петта од 2000 година која успеала да триумфира во Мелбурн без да загуби ниеден сет.

За 25-годишната тенисерка, ова е втор Гренд слем трофеј во кариерата, а има и едно финале, на УС Опен, каде загуби од Коко Гоф.

 

Сабаленка успеа да стигне до трофејот без ниту еден загубен сет. Со тоа влезе во одбрано друштво, бидејќи пред неа тоа им успеало само на четири други врвни тенисерки- Линдзи Девенпорт, Марија Шарапова, Серена Вилијамс и Ешли Барти.