Денес беше извршена ждрепката за престојниот грен-слем турнир, УС Опен. Србинот Новак Ѓоковиќ се најде на спротивната страна од тенисери како што се Јаник Синер, Карлос Алкараз, Данил Медведев, Стефанос Циципас…
Првиот носител на турнирот, Јаник Синер е на страната заедно со третиот Карлос Алкараз, а таму се и Данил Медведев и Стефанос Циципас.
Од страната на Новак Ѓоковиќ е Александар Зверев, како и тенисери како Каспер Руд и Холгар Руне.
Во првото коло Ѓоковиќ ќе игра против квалификант, а во второто ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Штруф и Ласло Ѓере.
Проекцијата направена без изненадувања вели дека во третото коло ќе наиде на Попирин, а во четвртото на некој од Тиафо или Димитров.
Во четвртфиналето би требало да игра со некој од Рубљов или Димитров, а во полуфиналето со некој од Зверев, Руне или Руд.
Ако стигне во финалето таму би требало да го чека Синер, Алкараз или Медведев.