Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со победа ја започна 2023 година, откако на турнирот во Талин (Естонија) во првото коло ја совлада квалификантката Радка Зелницкова (6-2, 6-4).
Македонката до триумф дојде за нецели 80 минути со што го оправда епитетот фаворит како трета носителка на овој ИТФ собир.
Ѓорческа во следната рунда ќе ги одмери силите со Шпанката Андреа Лазаро Гарсија (28 години). Турнирот во Талин се игра на тврда подлога за награден фонд од 40.000 американски долари.