Македонскиот тенисер, Ивановски со пресврт го победи Турчинот Ерги Киркин и се пласира во финалето на фјучрс турнирот во Скопје каде ќе игра против Французинот Саша Вајенбург.
Ивановски како четврти носител беше благ фаворит против турскиот тенисер Киркин кој беше петти носител, но Македонецот не го почна најдобро дуелот.
Киркин го доби првиот сет со 6-3, сепак Ивановски се ослободи повеќе во вториот сет и бодрен од домашната публика го освои со 6-2, со ист резултат го доби и третиот решавачки сет и дојде до победа од 2-1.
Во утрешното финале Калин Ивановски за пехарот ќе се бори против Французинот Саша Вајенбург кој денеска беше подобар од Хрватот Вито Тонјец со 2-0 во сетови.