Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски минатата недела стигна до полуфинале на турнирот во Монастир, Тунис, а тоа му донесе нов напредок на АТП-листата.
Ивановски на најновата ранг-листасе искачи за 30 позиции, па сега се наоѓа на 504. место во светот и има 72 поени.
На првата позиција на АТП-листата се наоѓа Србинот Новак Ѓоковиќ, а по него следат Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Андреј Рубљов и Рафаел Надал.