Андреј Рубљов и Александр Бублик го одиграа можеби најдобриот меч на Вимблдон,  кој по пет сета му припадна на Русинот.

Повеќе од три часа добрите пријатели, водеа борба, Рубљов водеше со 2-0 во сетови, Бублик го возрати ударот и дојде до 2-2 за да во решавачката рунда Андреј го има последниот збор и со 6-4 обезбеди осминафинале во Лондон.
Токму во последниот гејм на мечот го видовме најубавиот поен на денот, турнирот и веројатно на годината, а за истиот се погрижи Русинот со фантастичен удар во ситуација кога Бублик мислеше дека го има добиено поенот.

Рубљов ги вложи последните сили и успеа да дојде до винер по кој Александар Бублик остана без зборови, едноставно се „скамени“. Со оваа мајсторија Русинот дојде до меч топка, потоа и одлично сервираше со што стави крај на дуелот.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1678082994785996800?s=20