Ќе има спектакуларно полуфинале на завршниот Мастерс во Торино: Алкараз против Ѓоковиќ.

Во првите гемови делуваше дека Русинот ќе го освои првиот сет, но следуваше пад во неговата игра и Шпанецот го искористи тоа за да го добие првиот сет со 6-4.

Алкараз беше одличен и во вториот сет кој го доби со 6-4 и така ја освои првата позиција во групата.

Во второто полуфинале во Торино ќе играат Медведев и Јаник Синер.