Австралиската влада ја прошири истрагата против Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер синоќа преку подолга објава на Инстаграм призна дека е заразен ше шетал во јавноста.
Австралискиот портал The Age објави дека имиграционите службеници размислуваат за прекинување на визата поради неточни информации за патувањата што им ги давал на полицајците по пристигнувањето во Австралија и неусогласеноста на датумот на тестот за КОВИД. Поради сето ова, а особено поради лажењето за претходните патувања во граничната полиција, на првиот тенисер му се заканува затворска казна до пет години.
Министерот за имиграција Алекс Хок се уште не донел одлука дали ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ, а откако беше објавено дека тој заразен се шетал меѓу народот, Хок ја одложи својата одлука. Тој има право да му ја одземе визата на Ѓоковиќ, што беше одобрено од судот. Министерот може да го направи тоа поради фактот што Ѓоковиќ лажел дека никаде не патувал 14 дена пред да пристигне во Австралија, а бил во Шпанија.
Освен тоа, Хок може да го депортира Ѓоковиќ поради, како што вели австралискиот закон, „по неговата сопствена проценка на личноста“. Одлуката требаше да ја донесе денеска, но ја одложи откако адвокатите на Ѓоковиќ донесоа нови докази.
Други членови на австралиската влада сметаат дека целиот циркус трае предолго и дека Хок треба да одлучи што е можно поскоро, но изворите на The Age тврдат дека за тоа ќе бидат потребни уште неколку дена. Тоа значи дека се уште не е јасно дали Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен, кој стартува во понеделник. Првиот меч треба да го одигра во понеделник или вторник.