Калин Ивановски го предаде финалето против Рајан Нијбоер во вториот сет и така остана без трофејот на турнирот во Монастир, Тунис.
Ивановски утрово го прегази Италијанецот Фабрицио Андалоро со 2-0 во сетови во полуфиналето, меѓутоа немаше сила да излезе на крај против Нијбоер и го предаде мечот.
Нијбоер го доби првиот сет со убедливи 6-2, по што продолжи да доминира во вториот сет и водеше со 3-0, а Ивановски реши да се повлече од дуелот.
Македонскиот тенисер со пласманот во финале на турнирот во Тунис освои нови бодови, па се очекува на најновата ранг-листа да влезе во топ-500.